Познатиот македонски шоумен Жаре Бербер по 10 години пауза се враќа на малите екрани со емисијата „Галама шоу“ на Канал 5 телевизија.
Ќе креваме галама со највлијателните личности од светот на музиката, филмот, спортот, па и политиката. Македонската, балканската и светската естрада ја носиме во вашите домови. Ќе вмешаме прсти во животите на познатите пред и зад камерите, но и нескромно ќе кажеме дека ќе ги поместиме границите на естрадата во Македонија, затоа што не следиме трендови, туку ги креираме.Подготвени сме да ја вратиме вашата доверба и да ви обезбедиме вистинска забава, онаква каква што одамна недостасуваше. – се вели во најавата.

