По месец и половина од завршувањето на регионалното тв шоу “X Factor”, македонскиот победник Даниел Кајмакоски за македонските медиуми вели дека ниту една од ветените награди досега не стигнала до него, ниту ветените 10.000 евра, ниту пак автомобилот “Мини Купер”. Тој не знае зошто тоа е така, бидејќи во моментов поважно му е работата во студио подготвувајќи го својот прв албум. А од продукцијата пак велат дека за неколку дена ќе бидат предадени и двете награди на првиот победник на “X Factor Adria”.
“Требаше да ги добијам наградите и ние финалистите да тргнеме на турнеја… За сега сум тука во Белград и чекам да видам што ќе се случи”, изјави Даниел Кајмакоски.
Подготви: Синиша Новевски
