Познатиот поп пејач Дарко Илиевски кој веќе подолго време апстинира од македонската музичка сцена, на големо го подготува својот нов албум. По последната песна “Не е фер” која тој ја издаде речиси пред една година, истата за многу брзо време стана голем хит. Тој периодов со познатиот хитмејкер и продуцент Лазар Цветковски освен што го работат новиот албум, најавуваат и нова песна која би требало да ја слушнеме кон средината на јуни.
До промоцијата на новата песна и излегувањето на неговиот албум, Ве потсетуваме на последниот негов хит “Не е фер”.
Подготви: Маргарита Робевска
