Поп пејачките Александра Јанева и Наташа Малинкова ја објавија својата прва соработка. Дуетот со наслов “Еуфорија” е дело на авторот Столе Аврамов, а на аранжманот и продукцијата се потпишуваат заедно со Зоран Алексиќ.
“Нашиот летен сингл е карактеристичен заради тоа што е еден од ретките женски дуети на македонската сцена. Се надеваме дека направиме проект кој ќе им се допадне на сите наши поддржувачи”, вели Наташа Малинкова. За видеото се погрижи Pinestel продукција на Ѓорги Вацев и Пеце Здравковски.
“Еуфорија е нова доза македонска музика од мене и Наташа. Драго ми е што заедничката желба да придонесеме повеќе кон домашната музика ја преточивме во забавен проект”, дополнува Александра Јанева. Во видеото, двете русокоси пејачки пеат, танцуваат и се забавуваат заедно со своите бендови со кои интензивно настапуваат низ цела Македонија.
Подготви: Влад Петров
