Каролина после неколку години, повторно на open air концерт во Антички театар – Охрид. После успешно распродадената пролетна турнеја во повеќе концертни сали низ градовите во Македонија, Каролина и нејзиниот бенд доаѓаат во Охрид со двочасовен open air концерт и тоа на 11-ти август, на најубавиот простор во нашиот туристички бисер, Антички театар.
На концертот ќе прозвучат сите песни од албумот „Извор“, како и најубавите песни од историскиот проект „Македонско девојче“.
Билетите ќе бидат пуштени во продажба од оваа среда (04-ти јули) во 09 часот, онлајн преку Avalon.mk и на другите продажни места низ земјава.
Подготви: Филип Етмишовски
