Музика на кирилица

Барбара Ракичевиќ со нов спот покажува доволна зрелост

Барбара Ракичевиќ, младата ТВ водителка, ќерка на некогашната водителска ТВ ведета и позната трендсетерка Мелита кон крајот на 2020 година и официјално вплови во пејачките води откако тогаш ја промовираше својата прва сопствена песна насловена „Посилно од се“, авторско дело на најзината музичка менторка, Андријана Јаневска.

Шест месеци подоцна, Барбара Ракичевиќ,  ја промовираше својата втора песна и видеото за неа, која наликува на модерно спакуван музички проект зад кој одново стои сериозна професионална екипа. 

Насловена „Доволно зрел“ новата песна на Барби, овој пат е авторско дело на македонскиот пејач и автор Александар Тарабунов кој навистина зрело си ја завршил обврската. Видеото и овој пат го изработил познатиот уметнички фотограф и режеисер Зоран Стојановски Зонде.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: