Славниот Зафир Хаџиманов ќе биде погребан во Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта во Белград. Како што соопшти семејството, Зафир ќе биде кремиран, а урната ќе биде положена следната среда во почесната алеја.
“Погребот на татко ми ќе се одржи во среда на 7-ми април во кругот на најтесното семејство и пријателите. Урната ќе биде положена во Алејата на заслужните граѓани. Кога ќе помине оваа грозна пандемија ќе направиме испраќање какво што му доликува и какво што заслужи Зафир. Ќе го испратиме со песна и насмевка. Баш така како што би сакал и како што живееше цел живот”, објави неговиот син Васил Хаџиманов.
Алејата на заслужни граѓани е формирана во 1965 година и е наменета за погребување на лица со исклучителни заслуги за заедницата. Во Алејата досега се погребани голем број на великани и познати личности. Меѓу нив се актери како: Ружица Сокиќ, Милена Дравиќ, Драгомир Бојаниќ – Гидра, Драган Николиќ, култните писатели Милош Црњански, Данило Киш, нобеловецот Иво Андриќ итн. Изминативе неколку години се нижат реакции на одлуките тука да бидат погребани личности од естрадата како Шабан Шаулиќ, Исидора Бјелица и Џеј.
Подготви: Редакција Музика24
