Специјализираниот македонски музички портал Музика24 ексклузивно Ве известува дека македонската фолк сцена од денес е побогата за уште една нова музичка група. Имено, станува збор за гест на македонскиот претставник на “Ѕвезде Гранда”, Стефан Миткоски кој по неговиот настап на розевата телевизија, се врати во Македонија и започна со облагородување на својот репертоар, со староградски песни и приклучување кон групата “Лидер бенд”. Овој наш млад фолк изведувач, кого поради гласот го препознаваат и како македонскиот Харис Џиновиќ, е познат и по една македонска песна “Без тебе”, која на неколку наврати досега беше хит на месецот на неколку радиостаници низ Македонија. Стефан Миткоски по успешната едногодишна работа се приклучува на новоформиран “Лидер бенд”.
Бендот се состои од млади и музички образовани и надежни момци кои уште од самиот почеток искотираа високо со нивната професионалност и барање од страна на публиката, па така често можеме да ги видиме во националните ресторани во нивниот роден Прилеп, како и насекаде низ Македонија. Бендот е составен од: Стефан Миткоски – вокал, Христијан Сточески – кларинет и саксафон, Горан Цветаноски – хармоника, Горан Пупунчески – сајзер и Александар Ѓоргиевски – тапани.
Комплетно овие петмина надежни и прекрасни момци ги изведуваат најубавите изворни староградски песни од балканското подрачје кои ги слушале генерации наназад по убавите ресторани низ балканот со чаша убаво вино. Наскоро следува нивната прва заедничка песна во староградски стил, за што Музика24 наскоро ќе Ве информира.
Подготви: Маргарита Робевска
