Вчера во City Home (поранешно Hard Rock) поп пејачот и бизнисмен Дарко Гелев – Брејк снимаше видео спот за наговата најнова песна, за преубавата и емотивна балада “Пробај да ме болиш”. Како што дознава музичкиот портал Музика24, за видео спотот се погрижи професионалната екипа на 3D продукција, а освен во спотот, Брејк се појавува и зад режисерската палка на истиот. Тој за овој спот вели дека во него се појавуваат обични луѓе, од секојдневнието, бидејќи токму таквите се пронаоѓаат во оваа песна.
Како статисти во овој најнов спот се појавуваат 20 пара, Катерина – маникенка од модната агенција “Моделс Ин”, како и сопственикот на “Валијант” Горан Милиќ. Дознаваме дека кон крајот на месец фебруари овој спот треба да биде промовиран, а воедно според информациите до кој дојде Музика24, истиот ќе биде во црно-бела варијанта.
Подготви: Редакција Музика24
