Светски познатата поп пејачка Ријана деновиве е фотографирана во снежниот Њујорк како излегува од козметичката куќа “Мас”, каде што воедно ги има креирано сопствените линии на шминка, меѓутоа се ќе беше во ред на фотографија ако не беше забележително дека познатата пејачка веројатно заборавила да ги издепилира нозете. Лесно можете да забележите дека на нејзините и покрај се убави нозе, има мали влакненца кои што таа се обидела да ги сокрие со преубавата раскошна бела бунда.
Но по се изгледа дека атрактивната убавица од Барбадос и не се оптеретува со овој проблем, бидејќи по напуштањето на Њујорк кој во овој период живее како во вистинска снежна бајка, таа заминува во потоплите места од каде веројатно со веќе решениот проблем ќе сподели уште голем број на фотографии на нејзиниот Инстаграм профил.
Подготви: Редакција Музика24
