Оваа година фестивалот за народна музика “Цветници” на 15-то издание во ново руво донесе многу свежина на музички план каде преку голем број на музички имиња од естрадата се бореа за престижната награда од 15.000 илјади евра.
Како што велат “тимот што победува никогаш не се менува”, па така апропо на самиот фестивал композицијата која носи наслов “Љубовен жар” во изведба на Татјана Лазаревска го освои првото место од публиката, со што беше одлучено по пат на телевоутинг со максимален број од 419 гласа. Второто место го завзеде младиот пејач познат од групата “Академци” Кирил Митовски со композицијата “Оди си остави ме” со награда од 10.000 илјади евра и третата позиција со компизицијата “Ех да можам” во изведба на Ристо Краповски.
Секако позади сцената владееше победничка атмосфера заедно со Татјана Лазаревска, па не е ни чудо што токму оваа година правата песна победи. А во продолжение слушнете ја композицијата “Љубовен жар” во изведба на Татјана Лазаревска.
http://www.youtube.com/watch?v=gLL7T9IfN88
Подготви: Редакција Музика24
