Во прв ред

Еден месец до јубилејниот концерт на Ефто Пупиновски (Фото)

Веќе пишувавме, а останува во идниот период само да Ве потсетуваме и да Ве известуваме за новите информации и случувања околу веќе закажаниот концерт на познатиот македонски фолк пејач Ефто Пупиновски кој на 16-ти мај концертно ќе прослави 40 години на македонската музичка сцена. Освен тоа, фолк пејачот воедно со овој концерт го одбележува и неговиот голем хит “Туѓа си бескрајно”, кој што последниве години е навистина слушан од стана на младите во Македонија.

“Тинке Катинке”, “Лихнида кајче веслаше”, “Прости ми душо моја”, “Ана”… ќе бидат само дел од песните кои Ефто ќе ги изведе пред присутната публика. Како што вели организаторот “Старс Медиа”, на јубилениот концерт, Пупиновски на сцената на Универзална сала ќе го придружува познатиот бенд “Академци”, а на сцената познатиот фолк пејач ќе изведе дуетски песни со Блага Петревска со која што ги има снимено хитовите “Песната може се” и “Зоро, моја Зорице”. Како главен гостин на концертот ќе се појави Ѓоко Таневски познатиот поп пејач.

Efto Pupinovski1Јубилејниот концерт на Ефто Пупиновски ќе се одржи на 16-ти мај со почеток во 20 часот во Универзалната сала во Скопје под мотото “Песно моја добра”, истиот ќе го сними и дополнително емитува ТВ Сител, а Специјализираниот македонски музички портал Музика24 е медиумски покровител на истиот.

Подготви: Магдалена Атанасовска

Можеби ќе ве интересира: