Во прв ред

Која изведба беше најемотивна на “X Factor Adria”

“X Factor Adria” е веќе зад нас. Знаеме и кој е победникот и кој е второ, а кој пак го освои третото место. Веруваме дека нема некој од Вас што ова регионално шоу не го има следено. Но ние од Музика24 се прашуваме која е најемотивна изведба и секако песна во првата сезона од ова балканско шоу.

Направивме мала анкета која ги опфати сите оние млади кои случајно беа одбрани од страна на нашата редакција и заедно дојдовме до следниот заклучок, дека најемотивна изведба и секако песна во исто време е изведбата на машкиот бенд “Доктори” и изведбата од осмиот live кога тие на сцената ја отпеаа емотивната балада “Да те волим” од Александра Ковач односно сестрата на нивната менторка Кристина Ковач.

Подготви: Ангела Трајковска

Можеби ќе ве интересира: