Од неодамна во македонската јавност на големо се зборува и пишува за младиот и вљубен Александар Стевановски од Крива Паланка кој де е со една, де со друга девојка, но тоа и не е во моментов важно. Пред само неколку минути до нашата редакција тој испрати дел од разговорот воден со Огнен Здравковски, веќе познат на македонската јавност по многубројните фестивалски настапи, хитови, спотови, а воедно и внук на познатиот и веќе докажан македонски музичар Зоран Џорлев.
Во разговорот кој што Александар ни го праќа, младиот пејач Огнен го повикува на средба кај трговскиот центар “Три Бисери” во населба Аеродром, каде што како што и самиот тој пишува: “Дојден си ми преку к*р. Ќе ти ја скинам главата кај што ќе те сретнам, толку ќе ти кажам”.
Не знаеме како ќе заврпи оваа преписка, но едно се запрашавме – дали ова е речникот на дечки кои претендираат да бидат музички ѕвезди и идоли.
Подготви: Андреја Андреевиќ
