Covers

24 Cover: Мартин Милески – “Молитва за Магдалену” (Оливер Драгоевиќ)

Овој пат во една од нашите најпосетувани рубрики ќе ви го претставиме младиот охриѓанец Мартин Милески кој заедно со својата гитара, инструментално снима ковери за познати балакнски и светски хитови. Иако празници се ближат и многумина ги има фатено новогодишната еуфорија, се брза да се купат разно-разни подароци и слични работи, младиот гитарист неуморно работи и снима во своето студио.

Како што вели самиот тој, веќе подолг временски период го снима својот нов албум, а додека тоа го прави, во меѓувреме снима и ковер композиции за своите омилени песни. Во опуштена и новогодишна адмосфера, пред само некој ден, Мартин на својот ЅоуТубе канал го постираше својот најнов ковер за познатата песна “Молитва за Магдалену” од Оливер Драгоевиќ. За видеото да изгледа онака како што изгледа се погрижи неговиот соработник и пријател фотографот Кристијан Љушев.

Како звучи овој голем балкански и препознатлив хит пренесени преку жиците на неговата електрична гитара, погледнете и слушнете во продолжение.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: