Познатата македонска поп пејачка Елена Ристевска – Ивановска неодамна претстојуваше во Франција, поточно во францускиот град Бордо, каде го снимаше новиот материјал кој наскоро ќе го презентира пред македонската публика. На нејзиниот Facebook профил таа се пофали дека и покрај многучасовното маратонско снимање кое што го имала, сепак, таа е премногу возбудена за она што наскоро ќе има можност да го промовира пред својата публика.
“Полесно е кога пеете своја фраза или мисла, на тој начин и поемотивно ја доживувате музиката. Новиот материјал ќе биде комбинација и доминација на два стила. Освен оној препознатлив звук што го претпочитам изминативе единаесет години, овој пат работам и на класични поп-композиции”, вели Ристеска. Текстовите речиси на сите нови песни се најзини, а композициите продукцијата и аранжманите се дело на Дарко Димитров. Се надеваме дека наскоро ќе ја имаме привилегијата да слушнеме и промовираме нова песна или видео спот од оваа наша позната поп пејачка.
Подготви: Кристина Секуловска
