Вчера вечер беше одржан концертот на Харис Џиновиќ во Битола кој беше дел од програмата на најдолгото културно лето во Македонија “Бит Фест”. Ракометното игралиште во Битола беше претесно да ги собере сите обожаватели на Харис Џиновиќ. Атмосферата пред почетокот на концертот ја загреа неговиот помлад колега Дарко Филиповиќ. Концертот Харис го започна со зборовите: “Жалам што не сум се родил во Македонија”.
Во продолжение, погледнете ја ексклузивната фото галерија на Музика24 од концертот на Харис Џиновиќ.























