Елена Ристеска, една од најпознатите македонски поп пејачки неодамна се врати од Мајами. Кога пак заминуваше натаму на социјалните мрежи напиша: „Мајами, отсега ништо нема да ги раздели“. Сите се прашуваа каде е и што прави Ристеска во Мајами, и по кој повод е замината токму на тоа место.
Но дали поради носталгијата која што ги фаќа сите Македонци кога ќе заминат во некоја далечна земја, или нешто друго е во прашање, сите повторно се враќаат од местото каде што почнало се.
Често е активна на Инстаграм и знае да постира фотографија посветна на семејството, на татко кој го изгуби пред неколку години, често емотивно знае да напише статус и да се потсети на она навистина преубаво време, кое верувам на сите нам ни недостасува. Така беше и овој пат, постираше видео со дел од настап каде ги пее своите добро познати хитови, а при тоа напиша:
„Да ве потсетам на некои поубави времиња во музиката, на хитовите кои едногласно ги пеевме на концерти и песни кои се пуштаа на радио и телевизија. Оваа 2022ра година навршуваат 20 години од мојата победа на аудициите на М2. Дали сте спремни за концертна турнеја низ Македонија? Дали се’ уште ги паметите овие песни?“, напиша пејачката Ристеска.

Дали со самото ова Елена ни најави концертна турнеја која би требало да се случи во скоро време не знаеме, но реално, тоа навистина би било убаво да се случи и повторно да ја видиме на македонската сцена со своите добро познати хитови, а зошто да не и со некоја нова певлива емотивна песна.
