Традиционалната манифестација „Самун ем татлија“ во Радовиш оваа година повторно ќе се одржи по пауза од 2 години. Програмата започнува на 30-ти септември а ќе трае до 2-ри октомври. За разлика од претходните години, оваа година ќе настапуваат само македонски изведувачи.
На 30-ти септември ќе настапат „Бајабо Бенд“, „Викторија Бенд“ и „Брас Брадерс“. Во сабота, на 1-ви октомври ќе пеат Јовче Пандев Бенд, Игор Џамбазов со Гуру Харе и Ибишеви. На финалната вечер во недела гостуваат Ицов и пријателите, „Струмичка тајфа“, „Екстра бенд“ и Вукица, „Троја“ и Влатко Стефановски Трио.
Изминатите изданија во Радовиш настапија бројни популарни и големи музички ѕвезди од регионот како Хари Мата Хари. Јелена Розга, Шабан Шаулиќ, „Црвена јабука“, „Тропико бенд“, Мирза Селимовиќ итн.
