Легендарната песна за Скопје на маестро Алаксандар Џамбазов и Бошко Смаќоски доживеа нова и свежа верзија од актуелните Eye Cue и Тони Зен. Тие ги споија енергиите на оваа песна со надополнет и изменет текст и во еден сосема нов аранжман и вдахнаа нов живот на оваа песна која го има одбележано градот Скопје.
Годинава за еден многу убав повод, оваа песна е дел од фестивалот “Skopje Light Art District 2020” кој се оддржа под мотото “Градот зелен пак ќе никне” во организација на Универзална Сала под покровителство на Град Скопје. Аранжманот го изработи Бојан Трајковски, а текстот го надополни Тони Зен.
Песната е снимена во студиото “Подрумот” за која микс и мастер изработи Ангел Ќосев. За оваа песна се подготви и видео запис со содржини од фестивалот на светлината “Skopje Light Art District 2020”.
