Во последно време фолк пејачките кај нас се почесто прават промени кога изгледот е во прашање и најчесто ја менуваат бојата на косата. Анастасија Петреска од црна боја на коса ја промени во светло кафена, за да потоа ја потемни, Татјана Лазаревска од руса ја офарба во црвена. Овој тренд на менување на боја го следи и фолк пејачката Сузана Гавазова која својот настап во Швајцарија го искористи за да ја направи промената. Од темно кафена Гавазова сега е со медови нијанси.
“Јас сум задоволна сама од себе, но мојата професија го бара тоа од мене да правам промени. Јас најчесто се фаќам за промената на бојата на коса. Одамна ја сакав оваа боја, па ете имав среќа во Шведска кај една моја приjателка, голем професионалец во својата работа да ми го направи она кое го посакував. Таа е Македонка и се вика Вера Стојановска и сум и бескрајно благодарна. Секоја чест! Горда сум кога низ светот среќавав успешни Македонци, а Вера е еден од нив, има свој салон во центарот на градот и кај нејзе работат Швеѓани… Такви се нашите Македонци способни, вредни, интелигентни и работливи луѓе”, изјави Гавазова за Музика24. Следно кое го очекуваме од неа е настапот на “Прилеп фолк фест”.
Подготви: Редакција Музика24
