Вчера вечер во салонот на Аутомотив Груп, најпознатото македонско Р&Б дуо ДНК пред прусутните обожаватели, почитувачи на нивната музика, фанови, колеги и пријатели, го претстави своето трето студиско издание едноставно насловено “Срце”, по една од водечките песни кои се наоѓаат на албумот. На новиот албум се наоѓаат 16 композиции, од кои 6 се комплетно нови и досега неслушнати. Освен промоција на албумот, Андреј и Панчо премиерно го претставија и новиот видео спот за една од песните на албумот “Срце”, новиот сингл “Старлета”.
Освен овој нов сингл, на “Срце” ќе можете да ги преслушате и новите: “Опуштено”, “Што сака нека биде”, “Ти си добра девојка”, “Преку к*р” и “Невина” – сингл во кој што гостува Гидра од хрватската група “Конект”. Екипата на Музика24 на промоцијата од јавните и познати личности во Македонија, а блиски пријатели и соработници со ДНК ги забележа: Некст Тајм, маникенката Маријана Стојановска, Дарко Илиевски, Роберт Билибилов, Мики Црнокрак, Магдалена Цветковска – Ена, Александар Белов, Бени Шакири, Тамара… како и многу други меѓукои и познати DJ колеги на Панчо.
По промоцијата двоецот Панчо – Андреј најавуваат пауза се до почетокот на следниот месец, месец јуни кога и ќе ја започнат концертната промоција низ Македонија. А од Пасворд продукција, под чии закрила излегува новиот албум на ДНК известуваат дека албумот е веќе пуштен во продажба во сите поголеми и помали маркети по цена од само 150 денари. Се надеваме дека веќе одбравте песна која ќе биде вашииот хит ова лето, ако досега тоа не сте го направиле, тогаш… побрзајте, летото што туку започнува.
Подготви: Редакција Музика24
