Музика на кирилица

Јелена Карлеуша со потресна порака по трагедијата во Кочани

Балканската поп-дива Јелена Карлеуша изрази длабоко сочувство по страшната трагедија што ја потресе Македонија, во која животот го загубија 59 млади луѓе во пожар во дискотека во Кочани. На својот официјален Фејсбук профил, Карлеуша напиша емотивна порака, споделувајќи ја својата тага и болка со семејствата на жртвите.

„Уште еднаш изразувам најдлабоко и најискрено сочувство до цела братска Македонија. Страшна, страшна трагедија! Толку млади животи… плачам додека читам вести…“, напиша пејачката.

Посебно место во нејзината објава зазедоа членовите на македонскиот бенд ДНК, откако во несреќата загинаа неколку членови на нивниот тим, меѓу кои пејачот, тапанарот, фотографот и продуцентот.

„На мојот концерт во Скопје гостуваа момците од македонскиот бенд ДНК, сакани од македонската публика… Не ми се верува дека го пишувам ова… Нека универзумот им даде сила на семејствата на оние кои загинаа“, напиша Јелена, изразувајќи огромна тага за загубата.

Трагедијата во Кочани остави длабока рана во македонската музичка сцена и пошироката јавност, а сочувството и поддршката од цел регион сведочат за болката што ја чувствуваат сите.

Можеби ќе ве интересира: