Музика на кирилица

Калиопи настапи на донаторска вечер за изградба на училиште во српско село (Видео)

Поп-дивата Калиопи пред два дена настапи на донаторска вечер во српското село Тамњаница во Општина Бела Паланка близу Пирот. Донаторската вечер се одржа во плантажите со лаванда на Љиљана Петровиќ, менаџерката на Тоше Проески.

Калиопи  на 3-ти јуни имаше концерт на Фрушка Гора а следниот ден со својот бенд се вклучи во хуманитарна иницијатива за изградба на основно училиште во ова српско село.

По феноменалниот концерт во Врдник, се преселивме во Ниш, поточно во прекрасните полиња со лаванда на нашата драга Љиљана Петровиќ, каде отсвиревме мини концерт по повод донаторската вечера на која беа собрани пари за училиште во с. Темњаница. Ни беше чест и задоволство да бидеме дел од оваа прекрасна приказна под отвореното небо на Сиќевачката клисура, во долината Бела Паланка! – вели калиопи.

 

Можеби ќе ве интересира: