Музика на кирилица

Каролина заблеска на отворањето на „Браќа Манаки“ (Фото)

Вчера вечер во Битола се одржа свеченото отворање на 42-то издание на ИФФК „Браќа Манаки“. Новото издание на фестивалот почна со музички настап на битолското чупе Каролина Гочева, која придружувана од Никола Мицевски на пијано изведе неколку нумери од филмови. Неизбежниот црвен килим и годинава беше впечатлив, а Каролина за оваа пригода избра фустан од дизајнерката Јелена Филипович.

Фестивалот за отворен го прогласи Претседателот, Стево Пендаровски, кој е покровител на ИФФК „Браќа Манаки“ и истакна дека „благодарение на Фестивалот Битола и Република Северна Македонија се присутни на светските филмски мапи и се посакувана дестинација за кинематограферите“.

На отворањето беше прикажан филмот „Сестри“ на режисерката Дина Дума, а по проекцијата целата екипа од филмот се поклони пред публиката.  

Филип Етмишовски

Можеби ќе ве интересира: