Вчера вечер во Пациото на НУ Завод и музеј – Битола се одржа свеченото отворање на 42-то издание на ИФФК „Браќа Манаки“. На фестивалското отворање традиционално се доделуваат дел од фестивалските награди. Годинава еден од добитниците на Специјалната камера 300 за особен придонес во филмската уметност е Џослин Пук, една од најпознатите британски композитори на филмска, театарска, телевизиска и концертна музика. Признанието на Пук и го врачи Симеон Дамевски, директор на фестивалот „Браќа Манаки“.
За мене е голема чест и трогната сум што ја добивам оваа награда. Имав можност и привилегија да бидам запознаена со вашата земја поради тоа што мојот сопруг потекнува од Србија и навистина сметам дека вистинското наследство што го има вашата земја е едно од најнеоктриените бисери-богатства на Европа. Чест ми е што сум дел од овој Фестивал. Им благодарам на граѓаните на Битола за топлото добредојде и за тоа што го негуваат наследството на браќата Манаки кое има исклучително значење, рече Пук.

Филип Етмишовски
