Музика на кирилица

„Магла“ е новиот хит кој летово ќе се слуша (Видео)

„Магла“ е насловот на најновата песна на Антониа Гиговска, која јавноста имаше можност деновиве да ја преслуша, а истовремено да го погледне видео спотот за истата. Оваа песна како што и самата Гиговска вели, е дел од студискиот материјал што треба да биде комплетиран до крајот на годинава.

Песната, во која Антониа верува и која влегува во уво на прво слушање, е со потписот на Лазар Цветковски, чии се музиката и аранжманот, додека текстот е на Тајзи. Се работи за модерна тема која има потенцијал за кусо време да го носи предзнакот – летен хит. Видеото, пак, во кое Антониа се претставува во едно сосема поинакво светло е работено под режисерската палка на Даниел Јовевски.

„Магла“ е дел од албумот „2001“ што ќе содржи 12 нумери, меѓу кои дел веќе пуштени во етерот, но и дел комплетно нови. Задоволна сум од тоа како излезе песната, иако е направена спонтано и буквално во еден здив. А дека е „љубов на прв поглед“ доволно зборува тоа што е отпеана и спакувана од прва. Се надевам дека и публиката ќе го почувствува она што и јас, и навистина можам слободно да кажам дека ова е можеби една од песните на која најмногу ѝ верувам“, вели Антониа.

Кадрите за видеото, кое изгледа светски, впрочем, каков што е и целиот овој проект, се снимени на бродот „Anchor“ на кеј, а во нив освен Антониа се појавуваат и Симон Антиќ во главната улога (момчето за кое што деновиве многу се зборува), Белисима Лукарова, Христијан Рангелов и Нилија Фоендо, која е од Њујорк и чија туристичка посета на земјава е искористена за да биде дел од спотот. За стајлингот, пак, беше задолжена Викторија Бурсаќ, за шминката Даниел Николовски, додека фотографијата е на Мартин Трајановски.

„Се потрудивме сè да изгледа на едно повисоко ниво. Ништо не е случајно во спотот – од гардероба која е нарачувана од странство и е од брендовите Pretty Little Thing/Akira/Oh Polly, до учесниците во видеото кои се бирани внимателно… Сакав публиката да види нешто ново од мене, една нова Антониа. Сакав да се прикажам во едно поинакво светло“, вели Антониа Гиговска.

Можеби ќе ве интересира: