Музика на кирилица

МРТВ бара ваше мислење: Македонија за или против Евровизија

Македонија веќе неколку години по ред упорно учествува на Евровизија и упoрно не влегуваме во финалето. Кој е виновен за таа состојба незнаме, но Македонската радио телевизија која што е полноправна членка на Европската радиодифузна унија, на својот портал објави анкета каде сака да го слушне мислењето на своите гледачи, односно, на граѓаните на Република Македонија.

Тие за таа цел Ве покануваат да учествувате со Вашиот одговор кликнувајќи на еден од трите предложени:

  • Македонскиот претставник треба да биде победникот на Скопскиот фестивал
  • Македонскиот претставник треба да се избере по пат на интерна селекција во МРТ
  • Македонија не треба воопшто да учествува на Евровизија

До овој момент додека го пишувавме текстот, на оваа анкета гласале 4711 гласачи од кои, 547 од нив велат дека идниот евровизиски претставник треба да го избере МРТ по пат на интерна селекција, 1630 гласачи велат дека идниот евровизиски претставник треба да биде победникот од Скопскиот фестивал, додека мнозинството гласчи вкупно 2534 велат дека Македонија не треба повеќе да учествува на овој настан односно треба да се откажеме од учеството.

Доколку сакате и Вие да учествувате во оваа анкета, да го дадете Вашето мислење и едноставно да придонесете за учеството или неучеството на Македонија во 2015-та година, гласањето на следниот линк: Македонија на Евровизија?!.

Подготви: Марија Каревска

Можеби ќе ве интересира: