Софија Манева поп пејачката која што ја паметиме по многубројните хитови во минатото, по мала пауза, со баладата “Високо над се” повторно се враќа на македонската поп музичка сцена.
“За време на снимањето доживеав многу емотивни моменти, оваа музика е создадена со многу љубов и се што очекувам е дека оваа балада ќе се слуша со уживање. Ова е моја прва песна на која јас сум автор на музиката и тоа е уште една причина поради која оваа песна ја доживувам на посебен начин”, изјавува таа.
Новата песна е дело на Перо Манев кој што го напиша текстот и Тони Соколов кој се погрижи за аранжманот. Во продолжение преслушајте ја нејзината најнова балада.
Подготви: Елена Ивановска
