Музика на кирилица

Македонскиот музичар со странски звук го издаде својот прв албум

Со најновиот сингл „Ghosts”, Јон го издаде и првиот истоименуван студиски албум, со што заокружи една етапа од својата кариера. Албумот содржи песни од почетоците на неговата кариера и претставува своевидно животно патување низ последните 6 години. Секоја песна е слика на неговата душа во посебен период од животот.

Yon Idy е уметничкото име на Јон Ајдини, роден во Скопје, во 1995 година. Неговата музика се емитува на радиостаници низ светот, како во САД, Велика Британија, Германија, Швајцарија, Грција, Хрватска, Албанија, Косово итн. До сега има учествувано на „Sunny Hill Festival” во Приштина, „Live at Heart” во Шведска, како и на националниот натпревар за Песна на Евровизија, каде ја изведе „Dreams”.

Многумина велат дека помислиле дека слушаат странска песна кога прв пат го слушнале Јон, бидејќи неговиот глас е карактеристичен, пее на англиски, а музката е несекојдневна за нашето поднебје. Веќе има воспоставено соработка со реномирано студио од Бугарија од каде очекуваме три нови песни во скоро време. Воедно, има покани за учество на неколку светски фестивали, па следниов период ќе биде многу ангажиран околу настапи и патувања.

Можеби ќе ве интересира: