Американскиот кабаре состав „Постмодерн џубокс“ од Њујорк ќе гостува со свое шоу во Скопје, на 6-ти септември во Македонската филхармонијата, објавија од Авалон продукција.
Составот кој одржува кабаре шоу со свинг и џез музика во стилот на 1920-тите години го основа њујоршкиот пијанист Скот Бредли во 2011. Досега, имаат одржани повеќе турнеи низ Америка, Европа и Австралија. Нивните видеа на јутјуб се гледани до 1,9 милијарди пати.
„Најголемиот светски забавувачки музички колектив ќе го прослави својот 10-ти роденден како дел од својата светска турнеја. Може да очекувате шоу во стилот на „Големиот Гетсби“ во комбинација со Френк Синатра и филмот „Враќање во иднината“, велат од Авалон.
