Музика на кирилица

Филипче се огласи за смртта на Драган Вучиќ

Министерот за здравство Венко Филипче се огласи за смртта на познатиот водител и музичар Драган Вучиќ на својот Facebook профил каде ја потврди дијагнозата и причината за смрт.

“Утрово на Инфективната клиника од коронавирусот почина нашиот познат музичар, композитор и тв водител Драган Вучиќ. Тој беше хоспитализиран пред осум дена откако состојбата му се влошила и од тогаш е лекуван на оделението за интензивна нега. И покрај сите напори на лекарите и целиот стручен тим, Вучиќ со многу тежок наод на белите дробови, за жал, му подлегнал на вирусот. Упатувам искрено сочуство до семејството и блиските”, напиша министерот Филипче.

Можеби ќе ве интересира: