Утрово на Инфективната клиника во Скопје почина Драган Вучиќ, познат тв-водител, пејач и композитор.
Драган беше хоспитализиран на Инфективната клиника заедно со сопругата како заразени со Ковид-19. Вучиќ беше долгогодишен дијабетичар а изминатата седмица бил со висока телесна температура и со покачен шеќер.
Драган Вучиќ е роден во 1955 година во Скопје. Автор е на многу хитови меѓу кои „Свирете ја зајди зајди“, „Ангели ме носат“, „Заминува, никому ноќва не кажува“, „Кажи ѕвездо“, а беше автор и на евровизиската песна „Make My Day“, на неговиот син Мартин Вучиќ во 2005. Во 1990-те беше пејач на групата „Кода“. Долги години се занимаваше со своите тв-емисии на речиси сите национални телевизии.
