Велат дека за се има прв пат, и за добро и за лошо. Но, тоа што се случи деновиве на една свадба во реканскиот крај, поточно во с.Жировница е доказ дека човечката љубомора и завист ги надминува сите граници. Имено, во центарот на с.Жировница се одржа голема свадба на која што имаше многу гости, а за добрата музика беше задолжена групата Премиер која што во целиот летен период има постојано настапи во реканскиот крај. На свадбата беа поканети да пејат и добро познатите Благоја Грујовски, Елена Велевска, Цаки-Кисми и нивни колеги од соседна Србија. Местото за музичарите беше малку подалеку од видикот на сред село. И на свадбата се беше супер, се додека не дојде време за ручек.
Кога седнаа сите да ручаат и музичарите и гостите и домаќините никој не можеше да претпостави што ќе се случи за време на ручекот. Кога се вратија музичарите да продолжат со добрата музика, останаа затечени со страшна глетка. Дел од инструментите беа целосно уништени, а дел однесени зад полициската станица во Жировница. Што се случи и како се случи никој не знае, а бидејќи станува збор за музичари професионалци во својата работа како групата Премиер и Благоја Грујовски, тие во најкратко време се снајдоа со други инструменти и не дозволија да пропадне свадбата и потоа траеше до раните утрински часови.
Сеуште не се откри кој стои зад ова вандалско дело, од гостите никој не би се осмелил да направи такво нешто, а имајќи во предвид дека меѓу гостите имаше и други музички групи и пејачи и дека постои ривалство меѓу музичарите е јавна тајна, останува прашањето: До каде ли може да оди човечката љубомора и да се уништи нешто што другите го заработиле со пот?
Подготви: Редакција Музика24
