World Music

Роби Вилијамс одведе една обожавателка во “кревет”.

Една од главните теми во регионалните медиуми во последните 24 часа е спектаклот кој Роби Вилијамс го приредил во Загреб пред публиката од околу 40.000 фанови, а еден од најинтересните моменти во текот на концертот бил и оној кога музичката ѕвезда на сцената поканил една од своите обожавателки. Најсреќна од сите присутни била 21 годишната Маја од Загреб, која што била и среќницата која Роби Вилијамс ја поканил на сцената и прегрнувајќи ја извел песната “Strong”.

“Маја, може ќе помислиш дека сум перверзен, но јас само сакам да те затоплам, а тоа знам да го направам само ако те одведам во кревет!”, и рекол Роби на својата обожавателка, клекнат пред неколкуте илјадници фанови. Откако и ги бакнал рацете, тој ја прегрнал и буквално ја одвел во креветот кој бил поставен на сцената. Среќната девојка во програмата на едно хрватско радио раскажала за своите впечатоци од дружењето со славната музичка ѕвезда:

“Не сум сигурна дека успеа да ми ги виде градите. Кога му кажав колку години имам, тој рече дека тоа е во ред, дека е легално, а потоа ме одведе во кревет. Што се случуваше во оние половина минути кога исчезнавме, тоа нема да го кажам, нека биде моја и тајна на Роби. Морам да ви кажам дека е вистински џентлмен и знае да ласка”, открила среќната студентка од Загреб.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: