Во новата трета емисија од третата сезона на “Жешко столче”, младиот водител Никола Трпковски ни ја претствува и воедно разговара со најпознатата пинк пантерка на Балканот и во регионот, познатата Оливера Чирковиќ. Таа на неодамнешниот саем за книги кој што се одржа во близина на А1 арената во Скопје, ги промовираше своите изданија, односно, трите книги која таа досега ги има објавено во Белград и тука кај нас на македонски јазик.
Таа за себе вели:
“Јас никогаш не сум мирна. Тоа е карактер, не познавам човек кој што е енергичен, борбен, кој што секогаш има високи цели и оди напред да е мирен. Таков човек никогаш не е мирен. Во одредена смисла, да. Сега мојот живот е многу помирен од порано, ги нема оние турбуленции кои што ги има во криминалот, но и во овој нормален живот ако сакаш да бидеш успешен подразбира напор, борба, брзање, паника, јас така живеам и тоа ми одговара. Не сакам многу мир, тоа би ме успало. Мирна ќе бидам кога ќе умрам”, вели за себе познатата пинк пантерка Чирковиќ.

Таа меѓудругото во новото издание на “Жешко столче” говори за книгите кои ги има пишувано во најтешките моменти додека била во затвор, во самица кога не верувала дека воопшто постои барем малку надеж и дека некогаш повторно ќе го види белиот ден. Говори и за нејзината промена во животот, како и за нејзиниот син за кој што вели дека се многу поврзани. Горда е што побегнала од грчкиот затвор и на тоа вели:
“Горда сум, и тоа како сум горда што успеав да побегнам од грчкиот затвор. Воопшто не се срамам поради тоа. Горда сум на тоа случување, мислам дека кога би умирала еден ден, кога очите ќе ми се затвораат ќе си речам самата на себе: Браво Оља за тоа што го направи. Не за тој живот, туку едноставно за тој чин а тој е феноменален, ајдучки. Тоа е момент кога еден затвореник, без оглед на тоа колку е виновен или не е виновен, одеднаш сите затвореници на овој свет стануваат солидарни со тебе. Тоа е некоја надеж, можеби и лажна посебно за оние кои се на доживотна казна кои знаат дека никогаш нема да излезат, во нив од нигде никаде се појавува зрно надеж и си велат: Моќеби јас тоа ќе го направам. Тоа е чин кој што секако не е примерен за жените, бидејќи затворот е посебно тежок за жените кој бил внатре тоа многу добро го знае. Тоа мора да биде осмислено на еден специфично професионален начин, со посебна итрина… тука нема борба со која борбена единица па да пукате меѓу себе и слично. Ми се допаѓа начинот на кој што побегнав од затворот, навистина паметно, итро, така да навистина поради тоа се чувствувам посебно горда”, вели Чирковиќ за бегството од грчкиот затвор.
Дали таа ден денес може слободно да влезе во Грција како и секој друг човек, дали и на кој начин ги препознава криминалците, кој е нејзиниот најголем животен пораз, дали се смета за мајка која може да биде земена за пример, дали е заљубена моментално… и многу повеќе, можете да дознаете за Оливера Чирковиќ гледајќи го новото издание на “Жешко столче” во продолжение:
Подготви: Марија Поповска
