Наместо како досега, во мај месец, популарниот фолк фест “Валандово” оваа година ќе се оддржи во месец септември. Годинешното издание на овој надалеку познат фолк фестивал, повторно ќе има три фестивалски вечери од кои две полуфинални и една финална вечер. Годинава фестивалот ќе го организираат новиот главен, уметнички и технички директор.
Како што не информираат од општина Валандово, која всушност е организатор на фестивалот оваа година, најново е тоа што годинешниот фонд на награди е зголемен, односно, на 30-то издание наградниот фонд изнесува 30 илјади евра од кои 15 илјади одат за победничката песна, 10 илјади за второпласираната и 5 илјади евра за третопласираната песна на реномираниот фолк фест “Валандово”.
Подготви: Андреја Андреевиќ
