Музика на кирилица

Наскоро – Јордан Митев со концертна турнеја во Канада (Аудио)

Специјализираниот македонски музички портал Музика24, дознава дека познатиот македонски фолк пејач Јордан Митев следниот месец ќе замине на концертна турнеја во Канада. Како што дознаваме, фолкерот треба да одржи минимум 5 концерти во местата каде што живеат и работат македонци. Тој за втората турнеја во Канада за Музика24 изјави:

“Во Канада заминувам првата недела од месец април и ќе останам таму се до првата недела од месец мај. Значи точно еден месец. Оваа е мое второ гостување во Канада и ќе настапам на неколку места во Торонто и околината. Во тој дел всушност и најмногу населени се македонците. Еден концерт ќе имам и во јужнот дел од Канада кој е на границата со САД или поточно во градот Виндзор”, изјави за Музика24 фолк пејачот Митев. Како што вели самиот тој, оваа турнеја ќе ја искористи и за промоција на неговиот последен сингл “Дајте да се пие”, кој го сними неодамна. Останува само да се реализира видео спот за истата, но секако, тој тоа го одложува за откако ќе се врати во Македонија.

“Па кај мене нон-стоп се работи! Секогаш после една завршена работа веднаш се мисли и се подговтува наредната! Пред некој ден излезе мојата најнова песна која ја насловив “Дајте да се пие”. Една динамична песна која допрва ќе добие еден високо квалитетен спот. Со оваа песна и со дуетот кој што го подговтвувам, но сеуште не би сакал да откривам со кој пејачка овој пат ќе го отпеам, ќе го најавам и излегувањето на моето шесто музичко издание. За деталите околу албумот би можел да кажам после мојата турнеа во Канада. Таму ќе имам време да размислам за повеќе детали и следни чекори за мојата кариера”, откри за Музика24 Јордан Митев.

Подготви: Ангела Трајковска

Можеби ќе ве интересира: