Музичкиот портал Музика24 ексклузивно и прв дознава дека наскоро ќе биде објавен конкурсот за интернационалниот музички летен фестивал “Охрид фест”. Традиционално овој музички фестивал кој се одржува во Охрид, трае неколку дена каде што се случуваат многу музички настани, промоции, мини концерти… а истиот се одржува кон крајот на месецот август.
За овогодинешното издание на “Охрид фест” е најавено познато музичко македонско име кое што наскоро ќе Ви го откриеме, а се уште се држи во тајност. Во меѓувреме бидете со нашиот портал и први дознајте за кое музичко име од македонската музичка сцена станува збор.
Подготви: Редакција Музика24
