Младиот охриѓанец Боби Мојсовски повторно ја изненадува својата публика и фанови, овој пат со преработена песна (ковер), а станува збор за “Опет си побједила” од Тони Цетински. Иако Музика24 веќе пишуваше за веќе закажаниот концерт на познатиот хрватски пејач Цетински кој ќе се одржи на 29-ти март во Скопје, сепак Боби доаѓа како мал десерт на веќе објавената наша информација.
Како младиот пејач ја отпеа оваа песна, преслушајте во продолжение.
Подготви: Редакција Музика24
