Музика на кирилица

Наскоро спот за песната “Жао ми је” на Тоше Проески

Спотот за песната “Жао ми је”, што Тоше Проески го снимил пред осум години, ќе биде претставен пред неговите фанови наредниов период. Видеото e снимено во студио, а освен македонската музичка легенда, во него се појавува и Сара Леши, поранешна мис на Македонија.

“Бевме во една продуцентската куќа да се договориме за некои проекти поврзани за постхумната кариера на Тоше. Додека разговаравме со челните луѓе на продукцијата, тие нe прашаа што да прават со спотот што го снимиле за песната “Лажем те” и кој досега не бил пуштен во етер. Првин го погледнавме и можам слободно да речам дека Тоше никогаш не изгледал толку добро како во тоа видео издание. Моментно се доработува, односно заднината на снимката, а за тоа ќе се погрижи “Аворд продукција”, вели Славен Ристески од интернационалната фондација “Тоше Проески”. Песната “Жао ми је” е носечка нумера на албумот “Пратим те” издаден во 2005 година за српскиот пазар. Славен вели дека таа песна му била омилена на Тоше и затоа реализирал спот за неа.

Подготви: Васе Петреска

Можеби ќе ве интересира: