Музика на кирилица

„Next Time“ ќе го комплетираат албумот со уште 4 преработки

Популарното дуо „Next Time“ веќе најави дека годинава ќе излезе нивниот албум со преработки кои се подготвува неколку години. После „Ја излези Ѓурѓо“, „Слушам кај шумат шумите“, „Нешто ќе те питам бабо“, „Јовка Кумановка“ и „Кога паднав на Пирина“ на албумот ќе има уште 4 песни.

“Ова не е последна преработка, за време на пандемијата спремивме цел албум за којшто ќе се организира исто така голема промоција и ќе имате можност да слушнете уште 4 непромовирани песни. Кога рековме ова е последно, мислевме на последна песна со видео запис од овој проект, но не знаеме иднината што ќе донесе, доколку сака публиката уште, се разбира дека ние сме тука да го дадеме тоа што таа го сака”, изјавија Стефан и мартин за порталот точка.

Кои песни се преработени ќе дознаеме наскоро. А се очекува и голема промоција на албумот, како и солистички концерт за промоција на истиот.

Можеби ќе ве интересира: