World Music

Вдовицата на Елвис воодушевена од биографскиот филм за нејзиниот сопруг

За две недели на филмскиот фестивал во Кан премиерно ќе биде прикажан филмот „Елвис“, биографска приказна за познатиот пејач Елвис Присли и неговата врска со менаџерот, полковникот Том Паркер. Една од првите луѓе што го гледале филмот била поранешната сопруга на Присли, 76-годишната Присила Присли. Таа изминатиот викенд објави на Фејсбук дека е воодушевена од филмот во режија на Баз Лурман. Присила го гледала филмот на приватна проекција во Warner studios заедно со Џери Шилинг, стар пријател на Елвис.

“Ова е приказна за врската меѓу Елвис и полковникот Паркер. Станува збор за брилијантно и креативно раскажана вистинита приказна која само Баз, на неговиот единствен уметнички начин, можеше да ја сними. Остин Батлер, кој го игра Елвис, е неверојатен. На сред филм јас и Џери се погледнавме и си рековме „Леле“!!!. Браво за него”, напиша присила.

Во однос на улогата на полковникот Том Паркер кого го игра Том Хенкс и крајот на филмот, Присила додаде:

“Каков лик беше! Има две страни на полковникот, јас и Џери ги запознавме двете. Како што знаете, оваа приказна нема среќен крај. Мислам дека малку подобро ќе го разберете патувањето на Елвис, опишано од режисерот кој го вложил своето срце и душа во овој филм”.

Можеби ќе ве интересира: