Музика на кирилица

“HgH2O” нов музички состав

“HgH2O” е спонтан проект кој го основаа Тони и Стефан, едниот охриѓанец, а другиот битолчанец, но она што ги поврзува двајцата освен тоа што живеат во Скопје е музиката. Овие момци го создадоа бендот првично за да прават unplugged свирки, но како што тргна работата не е ни чудно понатаму да ги видиме со свои авторски нумери. Двајцата пеат и свират на гитара, а репертоарот им се состои од рок и блуз песни и секако незаборавните антологиски македонски хитови.

Моментално настапуваат во кафулето “Old Time” во Безистенот во Скопската чаршија каде што секоја недела публиката ужива во нивниот перформанс. По барање на нивните фанови и посетители на кафулето, наскоро и секој четврток ќе се организира караоке каде што со помош на овие двајца згодни момчиња ќе може кој сака да ги покаже своите пејачки, но и свирачки вештини. Повелете на нивните свирки да се уверите колку добро тие звучат во живо, исто како што се уверивме и ние. Добриот провод ви е загарантиран, по ова да не слушнеме муабет дека ноќниот живот во Скопје е во измумирање, напротив овие момци пополека но сигурно го враќаат.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: