Музика на кирилица

Ново музичко видео на Кацар за песната “Ајде” (Видео)

Пред неколку дена групата “Токсиколози” презентираше ново музичко видео на интернет кое е добро прифатено од страна на нивните фанови, истомисленици, иако е брендирано како free video (што значи дека не е официјален спот, а и дека ќе следат уште вакви видеа). Станува збор за нова песна на Кацар со наслов “Ајде”.

Музиката е на Анакреонт XY, мастеринг на Андрејналин (заедно ги знаеме како Аномалија Натива), видеото е снимено од Кики Теодоров, Гоги Полизов и Сиги (Токсиколози), а монтирано е од самиот изведувач – Кацар. Интересно е тоа што во видеото има сцени од настапот на “Токсиколози” во Бугарија (Велико Трново), а и за прв пат Кацар ја претставува својата рима т.е. неговиот неодолив пес-чувар.

Подготви: Маринела Каранфилоска

Можеби ќе ве интересира: