Премиера

“Среќен роденден” – нова детска песничка за среќен и убав роденден (Видео)

Денес е 31-ви декември, денот кога сите ја испраќаме, но и точно во 00 часот ја дочекуваме Новата 2023 година. Веруваме дека многумина од Вас освен што се еуфорични, радосни и среќни од самиот ден, токму денес го прославуваат и својот роденден.

По тој повод неодамна Robbie and The Munchkins снимија интересна, певлива и симпатична детска песничка со која на сите дечиња, а зошто да не и возрасни, им го честитаат роденденот и им посакуваат се најдобро.

“Големи да растете и бидете живи и здрави”, се едни од честите честитки кога некое дете го прославува својот најубав ден – својот роденден. Да им посакаме убав и среќен ден на сите оние што денес го прославуваат својот роденден, а ние со задоволство во продолжение ви предлагаме да ја преслушате роденденската песничка, која веруваме ќе биде една од Вашите омилени.

Можеби ќе ве интересира: