Музика на кирилица

Панчо “ДНК”: “Според мене е во топ3 најлоши евровизиски мк нумери”

Панчо од дуото “ДНК” важи за некој кој без проблем го кажува она кое што го има, така беше и овој пат. На Инстаграм Панчо одговараше на прашања од своите следбеници. Беше прашан: Што мислиш за Евровизиската песна на Евросонг на Васил Гавранлиев?

“Секогаш сум искрен, така ќе бидам и овој пат сакало да ви се допаднало или не, а исто и на него.

Песната воопшто не е мој фазон и искрено воопшто не ми се допаѓа не е по мој вкус. Според мене е во топ 3 најлоши евровизиски Мк нумери.

Повеќе наликува за на некое дизни фестивалче. Ама ако не пројде добро можеби наредната година пак ќе му дадат шанса, нели трета среќа.

Му посакувам се најдобро нормално.

И покрај ситуацијава каква што е “ДНК” работат на нова музика, во скоро време ќе излезе дует, но и самостоен сингл.

Можеби ќе ве интересира: