Музика на кирилица

Владимир Четкар: “Турбофолкот е канцер”

Владимир Четкар е македонски мулти-талентиран, професионален музичар. Неговата работа како гитарист, вокалист, композитор е пофаленa од страна на познати музички личности како Џорџ Бенсон, Масео Паркер и други. Владимир во САД студираше на Беркли музичкиот колеџ. Таму, тој се фокусира на современото пишување и производство на џез музика со гитара, како негов главен инструмент. Зад него е и богата дискографска кариера, но ги преферира настапите пред публика. Музичката критика за него дава спектакуларни критики и го позиционира како еден од најнадежните имиња во џез – соул и фанк жанрот во светот. Тој е активен изведувач во живо и учествувал на разни меѓународни фестивали и клубови низ Европа и САД.
Кариерата од ден во ден му е во нагорна линија.

Во едно од последните интервјуа на Четкар, тој мегу другото кажа:

Канцер е турбофолкот,кој сака нека ми замерит.

“Ја сакам староградската музика, зошто се поврзуваме со нејзе, а турбофолкот не одалечува од тоа,тој квази фолк, кич. Тој тип на музика те одалечува од светската музика, од Моцарт, и одиме во непознати води, тоа ме плашит мене.-изјави Четкар

Но конкретно што сакаше да каже не знаеме, но сме убедени дека оваа изјава нема да им се допадне на оние кои го извдуваат и слушаат турбофолкот.Дали музиката треба да се споредува со канцер тоа само он си го знае.

Можеби ќе ве интересира: