Тоше Проески својот живот го загуби на 26 години, онаа кобна ноќ кога заедно со својата екипа замина во Хрватска по повод гостување на хрватските телевизии и снимање на видео спот за песната “Игри без граници”. За жал. ништо од тоа не се случи. Утрото на 16-ти октомври 2007-та година веста дека Тоше загина во сообраќајна несреќа го потресе цел Балкан, а многумина ниту денес, после 14 години, не можат да се помират со огромната загуба, со реалноста.
Секоја година пред и на 16-ти октомври, речиси сите музички познати имиња од Македонија и Балканот со емотивни пораки, статуси го одбележуваат овој ден и му оддаваат почит и ја искажуваат својата голема тага. Малкумина знаат дека една од последните личности со која што Тоше разговарал таа вечер била и Елена Ристеска, познатата македонска поп пејачка. Таа во разговор и интервју за македонските медиуми открива детали околу таа вечер и разговорот со нашата музичка легенда.
“Се сакавме меѓусебно. Секогаш разговаравме за се, дури ми се јавуваше и од Австралија. Исто така разговаравме таа кобна ноќ пред да оди за Хрватска, а јас уште тврдам дека како да чуствуваше дека ќе се случи нешто лошо. На крајот од разговорот ми кажа дека ќе се видиме за неколку дена, но длабко воздивна и кажа: Ако Бог дозволи”, раскажала Елена и додала:
“Во тој момент не ми беше чудно, се до утрото кога се разбудив и дознав дека загинал. Кога мајка ми со неверување ми кажа дека се случила сообраќајната несреќа, знаев дека тоа е вистина”, изјавила Елена.
