Музика на кирилица

Песната 100% те љубам“ и групата XXL втори претставници на Македонија на Евровизија

“Евровизија 2000”, беше 45-от по ред концерт на Евровизија и се одржа на 13-ти мај во „Ериксон Глоб“ во Стокхолм, Шветска, по победата на Перлот Нилсон во Ерусалим, во 1999 година. Шведска таа година беше домаќин по четврти пат, додека Евровизијата во Стокхолм се одржа по вторпат

Второ официјално учество на Македонија на изборот на песна за Евровизија. Македонија била претставувана од страна на групата XXL, откако победила на националниот музички фестивал “Скопје Фест” со песната „100% те љубам“. Песната била една од 22-те песни кои биле изведени на 19-ти февруари на фестивалот во Универзалната сала во Скопје.

Водители на фестивалот биле Катерина Крстевска и Драган Б. Костиќ. Гласањето се одвивало во 3 дела – стручно жири составено од 21 лице (секој од нив доделил 100 поени за нивната омилена песна), гласовите на публиката во Универзалната сала (кои можеле да дадат по 1 поен на нивната омилена песна) и телефонско гласање (фаворитот на гледачите добил 200 поени, вториот – 180 поени, итн)

XXL биле фаворити на експертското жири и публиката. Тоше Проески ги освоил најголемиот број на телефонски гласови (со околу 38.000 гласови) и XXL биле втори (со околу 30.000 гласови).

Подготви: Редакција Музика24

Музика24- содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Можеби ќе ве интересира: